Французинот Бое нов фудбалер на минхенски Баерн

 Германскиот шампион Баерн потпиша договор до крајот на сезоната 2027/28 со 25-годишниот француски фудбалер Саша Бое, кој доаѓа во редовите на германскиот првак од турскиот гигант Галатасарај.

Според весникот Билд, трансферот изнесува 25 милиони евра, а со дополнителни бонуси износот може да достигне 30 милиони евра.

Францускиот десен бек ја почна кариерата во Рен, а во Галатасарај дојде во летото 2021 за сума од 1.15 милиони евра.

Бое за Галатасарај одигра 83 натпревари по четири пати беше стрелец и асистент, а оваа сезона запиша 31 настапи и постигна два гола.