Албанската опозиција ја бојкотира седницата, нема да гласа за Талат Џафери за премиер

Албанската опозиција нема да гласа за Талат Џафери за технички премиер, а со тоа и за прв албански премиер во Македонија.

Како што претходно најавија лидерите на партиите на Европскиот сојуз за промени , нивните пратеници нема да учествуваат на денешната седница на Собранието на која на дневен ред е избор на техничка Влада.

На почетокот на седницата, за изборот на Талат Џафери за премиер, во Собранието не присуствуваше ниту еден од пратениците од албанската опозиција.