ХОРОР ВО УНГАРИЈА: Падна авион, имаше и жртви

Авионот се урна за време на аеромитинг во Унгарија , при што загинаа две лица, а четворица беа повредени.

Според агенцијата АФП, трагедијата се случила на аеродромот во Секешфехервар, 70 километри од Будимпешта.

Во авионската несреќа загинале 67-годишен маж и 37-годишен маж, кои биле во авионот кога се урнал, се вели во соопштението на полицијата. Според информациите, трагичната несреќа се случила во неделата попладне во 15:20 часот од засега непозната причина. Како што пренесува RTL Hirado, во несреќата загинале татко и син од Сегед.

Мал авион се урна на земја во близина на паркиран патнички автомобил, при што двете возила се запалија. Според полициското соопштение, тројца тешко повредени патници биле сопатници на овој автомобил.