ВОЗ УБИ ЧЕТВОРИЦА ПЕШАЦИ КАЈ БАРСЕЛОНА: Голема трагедија во Шпанија, уште тројца пренесени во болница! 

Во трагедија во Шпанија, најмалку четири лица го загубија животот кога во неделата вечерта беа удрени од локомотива во близина на Барселона.

Тешката несреќа се случила додека пешаците се обидувале да ја преминат железничката пруга, соопштија од итните служби.

Несреќата се случила во 20 часот и 22 минути. часа во Монмел во близина на каталонската престолнина кога седум лица ги преминаа шините на забранета локација, соопшти „Ренфе“, државниот железнички оператор.

Три лица починале на местото на настанот, а четвртото лице починало во болница откако доживеало срцев и респираторен застој, соопштија во неделата службите за итна помош.

Тројца повредени се во болница.