Во врска со убиството на Лиридона Адемај досега се уапсени четири лица, меѓу кои и нејзиниот сопруг Наим Мурсели.
Денеска во некои локални медиуми беше објавено дека Гранит Плава, осомничен за убиството на Лиридона Адемај, бил претепан во Затворот со висока безбедност, но овие информации ги демантираше генералниот директор на Косовската поправна служба Исмаил Дибрани.
Дибрани потврдија дека имало само обиди за напади, но дека немало тепање.
– Кога затворениците се обидоа да го нападнат, персоналот веднаш реагираше и го спречи конфликтот. Без ќотек. Имаше обиди за напади бидејќи е затвор, а случајот е чувствителен, притисокот од јавноста е голем. И до сега имаше закани, обиди за напади, но никогаш немаше физички контакт. И за овој обид ќе формираме истражна комисија и ќе излеземе со конкретни резултати – рече Дибрани.
Тој , исто така, негираше дека еден осомничен се обидел да се самоубие.
– Не. Имало обид од страна на тој затвореник да го оштети ќебето во собата, а во текот на истрагата дошол персонал и го извадил ќебето од собата и го заменил. Немало обиди за самоповредување или самоубиство, кога било забележано дека е оштетено ќебето, рњагираше и персоналот. Бидејќи овие луѓе се ,,лица со висок ризик”, зголемено е нивото на безбедност – рече тој.
Директорот на воспитно-поправната служба изјави и дека нема контакт меѓу тројцата осомничени за убиството на Лиридона Адемај и дека се во еднокреветни соби.
Во врска со убиството на Лиридона Адемај досега се уапсени четири лица, меѓу кои и нејзиниот сопруг Наим Мурсели.
Инаку , вечерта на 29 ноември, во Приштина беше убиена 30-годишната Лиридона Адемај. Случајот првично беше опишан како „вооружен грабеж што резултираше со смрт“, бидејќи осомничените Гранит Плава, Куштим Кокала и сопругот на починатата, Наим Мурсели, го организирале настанот за да го претстават како вооружен грабеж. На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена во затворот со висока безбедност во Диз.