Хорор на југот на Србија! Синот пронајден мртов на креветот, мајката лежела до него a жената гледала сè!?

Тело на маж (53) пронајдено во креветот од неговата куќа во прокупското село Горња Стражава, заедно со неговата мајка која била во несвест! Како што се дознава, телото на несреќниот маж и неговата мајка го пронашле соседите. Како што велат тие, неговата сопруга (47), која исто така била во куќата со нив, е ментално болна и не била свесна што се случува.

Телото на синот било пронајдено на креветот а до него била неговата мајка која е пронајдена во несвест. Мајката на починатиот итно е пренесена во болницата Прокупа, каде се дијагностицира нејзината состојба – изјави сосед на починатиот кој случајот го пријавила во полиција.

Како што објасни, во куќата со нив двајца била и сопругата на мажот која не ни била свесна дека нејзиниот сопруг починал. Според зборовите на соседите, мажот користел многу алкохол и земал антидепресиви. Се претпоставуба дека тој не починал од природна смрт. Неговата мајка најверојатно се разболела денот кога соседот ги нашол.

– Ја видов и прашав што прави нејзиниот сопруг. Таа рече дека е во кревет и не се движи. Влегов бидејќи ми беше сомнително и забележав дека не дава знаци на живот. Тогаш се јавив во полиција – вели првиот сосед на семејството.

Живееле во тешки услови

Соседот додава дека живееле во катастрофални услови, а починатиот често ја малтретирал сопругата, дури и забранувал да спие во куќата. Ја бркал да спие во трошна штала до трошната семејна куќа.

– Имаат три деца, кои се во згрижувачко семејство, а нивната финансиска состојба е исклучително лоша. Живеат од минимална плата како и социјална помош – објаснува соседот.

Откако слушнале за трагедијата, соседите дошле да и’ помогнат на сопругата на починатиот, а во моментов не знаат во каква здравствена состојба е неговата мајка.