ХОРОР ОД НАПАДОТ ВО МОСКВА, ПУКАЛЕ ВО ЛУЃЕТО ОД БЛИСКУ: Има мртви и ранети, специјалци ја опколија салата

Непознати напаѓачи упаднале во приземјето на салата „Крокус сити“ во Москва и отвориле оган од автоматско оружје врз луѓето кои дошле на концертот на „Пикник“.

После тоа, тие „фрлиле граната или запалива бомба, што предизвикало пожар “, јави дописникот на „РИА Новости“.

На местото на настанот можеше да се видат мртви и ранети како лежат на подот.

Снимката на која терористите пукаат во цивили од непосредна близина е крајно вознемирувачка.

Според непотврдени информации, околу 50 луѓе се ранети, а повеќе од 10 загинати .

На местото на нападот се испратени сите расположливи сили на специјалните единици на СОБР и ОМОН, како и противпожарни единици.

На снимката се гледа како луѓе облечени во маскирна униформа отвораат оган.

Како што јави ТАСС, можно е сторителите да користеле автоматско оружје.