ОВА Е ЛИДЕРОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ КОИ ГО ИЗВРШИЈА МАСАКРОТ ВО МОСКВА: Нова снимка од сослушувањето, му се врзани рацете и нозете, воопшто не знае руски

Маргарита Симонјан, главниот уредник на РТ, објави видео од сослушувањето на човек за кој тврди дека е водач на терористичка група која уби повеќе од 140 луѓе во Москва.

– Еве го лидерот – напиша Симонјан на видеото.

Мажот на видеото зборува таџикистански , а неговите зборови ги преведува жена.

Тој наведува дека членовите на групата живееле во хостел лоциран во Дмитровка во близина на автопатот и дека се сретнале десет дена пред нападот.

Осомничениот рече дека купиле автомобил поради нападот и дека комуницирал со „Абдул и Мухамед“.

Симонјан претходно објави снимка од сослушувањето на терорист кој по апсењето признал дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва!

Група терористи, да потсетиме, во петокот околу 20 часот отвори оган во фоајето и концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва, по што го подметнаа пожарот и побегнаа. Загинаа најмалку 143 лица, меѓутоа Рускиот истражен комитет очекува многу повеќе жртви поради големиот број тешко повредени.

Повеќе од 100 лица се хоспитализирани, од кои половина се во тешка состојба.

Терористите биле уапсени околу 3 часот по полноќ во областа Брјанск додека се обидувале да стигнат до Украина.