Мајката на 14-годишно девојче е уапсена поради сомнение дека заедно со сопругот, очувот на детето, со години ја тепала ќерка си и ја терала да проси и да краде.
Се открило откако девојката побегнала од куќата во околината на Загреб.
Сè започнало кога девојчето имало 12 години, а нејзината мајка и очувот биле под истрага поради сомнение за трговија со луѓе.
Девојчето наводно било принудено да проси и да краде во многу земји, како Шпанија, Италија, Франција… Девојчето за тоа време не одело на училиште, немало здравствено осигурување и морало да се грижи за своите помали браќа и сестри.
Овој хорор траел две години сè додека девојчето не успеало да побегне од куќата во околината на Загреб каде родителите ја криеле заедно со други деца, пренесуваат хрватските медиуми.
Cтанува збор за, како што наведуваат, вила во околината на Загреб, која, како што се сомневаат, осомничената двојка не ја стекнала законски. По пријавувањето на случајот, полицијата упаднала во куќата во која била пронајдена мајката на девојчето.
Со оглед на тоа што била бремена, на полицијата и’ рекла дека и’ се гади и дека се плаши од спонтан абортус. Таа е пренесена во болница каде е задржана на лекување. Штом ѝ дозволи здравствената состојба, таа ќе биде префрлена во истражниот затвор нареден од Жупанискиот суд во Загреб на барање на обвинителството.
Девојката во својата изјава навела дека нејзината мајка еднаш и’ ја скратила косата и и’ ги избричила веѓите. После тоа и’ рекла да оди во полиција и да пријави дека некој ја нападнал. Таа не го направила тоа.
Таа рече дека нејзините родители ги инвестирале парите што ги добила просејќи во недвижнини низ Хрватска и Босна и Херцеговина.
Кога одбила да проси или да краде, мајка и и очувот ја тепале со кабли и каиши. Откако дознале за овој страшен случај, детето било одземено од семејството и сместено во безбедна куќа.