Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал да одам на пијачка со Надал на плажа! Новак проговори за својот ривал, па истакна – Не сме пријатели! (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве е во Париз каде го чека стартот на Мастерс турнирот. Тој гостуваше на француската телевизија и зборуваше за многу интересни теми. Така го допре Рафаел Надал, кој е еден од најомилените тенисери на француско тло, каде што имаше многу успеси на Ролан Гарос.

Надал во моментов паузира поради бројните повреди, а прашање е и дали ќе се врати на Австралија опен, како што беше најавено.

Сепак, целата спортска јавност посакува барем уште една пресметка меѓу Новак и Надал, а во овој момент во меѓусебниот скор предност има Ѓоковиќ 30-29.

Неодамна, кога Надал зборуваше за неговото враќање на светската тениска сцена, зборуваше и за Новак, велејќи дека тој е „најдобриот тенисер на сите времиња“, а Ѓоковиќ продолжи:

– Не сме блиски пријатели, но се почитуваме. Но, јас сега зборувам од моја гледна точка, се надевам дека кога ќе ги завршиме нашите кариери ќе можеме да се напиеме пијачка на плажа и да зборуваме за животот со помалку стрес – изјави Ѓоковиќ.