ХРАБРА ПОЛИЦАЈКА! На напаѓачот кој го избодел бебето му ги кажала овие ЗБОРОВИ и го убила со еден куршум
Напаѓач избодел девет лица, меѓу кои една жена и нејзиното деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј. Петмина се мртви, а многумина се повредени.
Во моментот на нападот во центарот имало и неименувана полицајка, која самата решила да го спречи напаѓачот.
Таа го следела низ трговскиот центар додека конечно не се најде лице в лице со него.
Сопственикот на кафулето Мајкл Данкли видел како полицајката пука во осомничениот. Таа му рекла: „Фрли го ножот!“
Сечилото било долго 15 сантиметри, а потоа напаѓачот се нафрлил кон неа. Го убила со еден куршум во градите.
– Доведена е во ситуација да мора така да реагира. „Таа го направи тоа многу смирено, фантастична е“, изјави Данкли.
Да потсетиме , полицијата соопшти дека петмина посетители на трговскиот центар биле убиени додека неколкумина биле повредени во напад со нож кој се случил околу 16:00 часот по локално време .