Често се случува поради постојани промени на температурата да се чувствуваме слаби, да ни падне главоболка, течење на носот… Ова се дел од показателите дека имунолошкиот систем слабее, а на постудено време стануваме поподложни на вируси и склони кон чести настинки.
За да го заштитите телото од грип, треба да се грижите за имунитетот , а експертите советуваат првенствено да внимавате на исхраната, бидејќи како што вели старата поговорка: силата доаѓа од устата.
Јадете лиснато зеленило
Зајакнувањето на имунолошкиот систем започнува со чистење на црниот дроб, кој е одговорен за детоксикација. Најдобра храна за црниот дроб се кељот, брокулата, зелката и зелената салата. Ја поттикнуваат работата на црниот дроб и го забрзуваат исфрлањето на токсините од телото.
Маслото од оригано го зајакнува имунитетот
Маслото од оригано го зајакнува имунитетот и го чисти грлото. Ги убива бактериите кои се акумулираат во дигестивниот систем и делува како антисептик, а се користи и како лек за чистење на синусите. Истурете две до три капки масло на коцка шеќер или чаша вода.
Авокадо против настинка
Авокадото го зајакнува имунитетот. Посебно се препорачува за луѓе кои се склони кон настинки. Можете да го јадете свеж или да направите сос од него. Богат е со амино киселини и антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од срцев удар и го регулираат крвниот притисок.
Ѓумбирот ги спречува инфекциите
Ѓумбирот помага во чистење на дишните патишта и синусите со тоа што го спречува таложењето на токсините кои предизвикуваат инфекции. Може да се користи како чај или како додаток во оброците, што позитивно ќе влијае на варењето и ќе ја намали мачнината.
Жалфија за кашлица
Жалфијата ја смирува кашлицата, ја отстранува флегмата од грлото и ги чисти дишните органи, а помага и при висока температура. Се препорачува чај или масло од жалфија, но не во големи дози.