Хрватите им посветија посебен транспарент на Исланѓаните: Ова никогаш нема да го заборавиме

Хрватската ракометна репрезентација во второто коло од главната фаза на Светското првенство игра против Исланд, а навивачите во Арената истакнаа и посебен транспарент.

За тоа му се заблагодарија на Исланд, кој прв меѓународно ја призна Хрватска во 1991 година.

„Ти благодарам Исланд, 19 декември 1991 година, ние Хрватите никогаш нема да заборавиме“, пишуваше на транспарентот.

Инаку, Исланѓаните на 19 декември 1991 година се согласија дека признавањето на Хрватска е важно доколку Исланд ги почитува демократските вредности и волјата на народот.

Нивниот чин започна верижна реакција и целосно признавање на Хрватска во меѓународните кругови.

Европа ја призна Хрватска еден месец по Исланд, по што брзо стигна признание од целиот свет.