Хрватите објавија колку заработила Александра Пријовиќ во Загреб

Со пет концерти за шест дена, Александра Пријовиќ (28) стана рекордерка по исполнување на Загребската Арена. Во тој период низ Арената продефилираа околу 90.000 луѓе. Иако Концертната арена собира 22.000 луѓе, на концертите на Александра имаше 150 бар-маси, со што тој број се намали на околу 18.000.

Пријовиќ од продадените билети за пет концерти во Загреб инкасирала дури 2 милиони и 780.000 евра, пренесува 24sata.hr

Од тоа треба да се одбијат трошоците како изнајмување на Арената, сценографија, светла, бенд, стилист, шминкер, фризер, менаџер, играчи. Пријовиќ носела гардероба од над 84.000 евра во Загреб !

На концертите доаѓаа од сите страни – од Германија, Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, сите делови на Хрватска, а повеќето од нив го организираа превозот навреме.

– И вие одите во Пријовиќка? Еве, цел ден ги возам луѓето на концерти. Ги има од Босна, Далмација, од секаде. Вакво нешто не сум видел – рекол загрепски таксист на автобуската платформа во Загреб, во неделата навечер.

Сопствениците на такси компанијата зеле по 4.000 евра

Превозниците им понудија на луѓето одлична понуда – да ги земаат на домашна адреса, да ги однесат во Арена, а потоа од таму да ги вратат дома. Цената? 50 евра по лице.

– Уште пред да ја објавам информацијата добив многу барања. Навистина ми пишуваа многу пораки – изјавил еден од сопствениците на такси компанијата.

– Возевме со комбиња. Две комбиња за секој концерт, приближно шеснаесет патници по концерт – рече овој човек.

Цените за групи беа малку пониски, но околу 50 евра. Така заработиле 800 евра за 16 патници по концерт, а околу 4.000 евра за пет дена.

Келнерите задоволни од бакшишот

– Некои млади девојки, некои постари дами. Кој беше полуд? Старите дами, секако – рече еден од келнерите од Арената.

Вечерта работеа 180 келнери, а најпорачани пијалоци беа вискито и џинот.

– Претежно сите оставаа бакшиш, па ни беше супер – рече келнерката која работеше сите пет вечери. Таа откри дека најмногу работа имале на последните два концерта, а тогаш биле „уморни“ од работа.

Во хотелот претходната вечер платила 400 евра

Туристичката организација на Град Загреб соопшти дека за време на првите два концерта на Александра, бројот на пристигнувања бил за 22 отсто поголем од претходната година, а бројот на ноќевања бил за 14 отсто. Од Даночната управа објаснија како е тешко да се спореди заработката во угостителството со претходната година, бидејќи цените се зголемени поради инфлацијата.

Александра Пријовиќ престојувала со семејството, пријателите, колегите и бендот во луксузен хотел во Загреб, каде што престојувале една недела. Платиле 400 евра од ноќ.

Кога се ќе се собере и одземе, Пријовиќ „чисто“ заработил околу 2,5 милиони евра , тврди 24sata.hr