ХРВАТОТ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПАМЕТИ ОВА “ТЕПАЊЕ”: Беше голем фаворит, но “налета” на брутален АПЕРКАТ, не знаеше што го снајде! (ВИДЕО)

Шведскиот ММА борец Себастијан Кадестам направи голема сензација, откако го совлада фаворизираниот Храват Роберт Солдиќ во ММА промоцијата „ONE Championship“.

Солдиќ, кого многумина го гледаа како шампион на организацијата KSW во UFC, реши да се испроба во сингапурскиот „ONE FC“ и доживеа голем шок.

Хрватот сосема неочекувано доби тежок ќотек од аутсајдерот Кадестам.

Солдиќ беше агресивен од самиот почеток, напаѓајќи го својот ривал, но Кадестам направи големо изненадување во втората рунда. Доби лев аперкат и Хрватот за прв пат заврши на паркетот. Тој веднаш стана, но Кадестам тогаш тргна во офанзива. Уште еднаш го испратил на подот, а потоа го опсипал со брутални удари и два пати го соборил. На 45 секунди пред крајот на рундата, судијата беше принуден да ја прекине борбата по еден брутален удар на Швеѓанецот.

“Солдиќ е повреден, Кадестам мириса на крв. Солдиќ повторно е долу, се обидува да стане, Кадестам напаѓа, а Солдиќ повторно е на паркетот. Готово! Кадестам го шокираше светот”, ечеше возбудениот коментатор на натпреварот.