ХРВАТОТ ЈА ЗАПАЛИ ЈАВНОСТА: Ражнатовиќ со Јокиќ ја направил НАЈГОЛЕМАТА ИЗМАМА во историјата на кошарката!
Зборови кои со брзина на светлината ќе го обиколат кошаркарскиот свет
Познатиот хрватски кошаркарски тренер Невен Спахија проговори за Никола Јокиќ и неговото освојување на НБА лигата со Денвер Нагетс.
Тој во интервју за „Индекс.хр“ тој го пофали српскиот ас со кого во исто време замина во САД , но во друга екипа.
– Никола Јокиќ е чудо. Истата година дојдовме во НБА, тој во Денвер, јас во Атланта како помошник тренер на Мајк Буденхолцер. Кога првпат пристигнав, добив задача да ги скаутирам тимовите што се обновуваа, Филаделфија, Нетс, Денвер… На нив ја (на)учев работата. Кога видов што веќе прави Јокиќ, не можев да поверувам. Се колнам во животот, не сакав да им ги покажувам клиповите на Јокиќ на играчите, туку само на Мајк, бидејќи не сакав да ги исфрустрирам. Се сеќавам на лицето на Буденхолцер кога го виде Никола за прв пат, тој шокиран израз, тој се запрепасти, очите му испаднаа. Кога првпат видов што може и што прави Никола, се зачудив, го зедов телефонот, свртев неколку броеви за да се распрашам. Подобро да не кажувам какви размислувања и какви коментари добив – рече Спахија.
Не го познавал Никола, а не му е јасно како неговиот агент Мишко Ражнатовиќ успеал да го сокрие.
– Не го познавав тоа момче. Никогаш не го гледав, само знаев дека постои и дека игра во Мега. Подоцна сфатив дека Мишко Ражнатовиќ успеал да направи нешто што никој досега не го направил во историјата на кошарката. Тоа беше најголемата измама во историјата на кошарката. Сè уште не ми е јасно како успеал да сокрие таков талент. Никој не помисли да го драфтува, а во меѓувреме Мишко договори се со Денвер, чии скаути постојано беа на тренинзите на Мега. Огромна работа заврши Огњен Стојаковиќ, кој се уште е помошник тренер во Денвер. Таков талент да се крие во 21. век, не ми се верува. До денес тоа е мистерија за мене. Денвер сега може слободно да му го подари шампионскиот прстен на Мишко Ражнатовиќ. Заслужено. Успеа да направи така што никој во Европа да не знае што има овој тип во неговиот кошаркарски клуб Мега. Да се посомневаше некој, да дојдеше да гледа тренинг или натпревар, тогаш Никола ќе беше меѓу првите три пика на драфтот.
Иако се согласува со Предраг Даниловиќ дека не треба да се мешаат генерации, тој смета дека Јокиќ е најдобриот Европеец во историјата на НБА.
– Се согласувам со оние кои тврдат дека е глупаво да се мешаат генерации, но има нешто што е егзактно, а тоа се бројките, тие на крајот ќе ја дадат вистинската слика за се. Никола нема повеќе граници, влезе во категоријата најголеми на сите времиња и прашање е само колку пати ќе го повтори тоа и на кој начин. Само небото му е граница – заклучи Спахија.