Денеска околу 11 часот и 45 минути полицијата добила дојава дека во семејна куќа во градот Крнеже во Задарската жупанија се пронајдени двајца мртви мажи, дознава порталот „24сата“.
Засега според прибраните информации и спроведените истраги не се констатирани елементи на кривичното дело.
– Засега можам да потврдам дека истрагата е во тек и дека се вмешани хрватски државјани – изјавила задарски портпаролката на задарската полиција Ивана Грбин.
Според неофицијални информации на истиот портал, постои сомнеж дека двајца мажи се затруле со јаглерод моноксид. Во куќата бил пронајден генератор кој не работел кога пристигнале пожарникарите.