Несреќата се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал со автобус со албански национални ознаки, од засега неутврдени причини, свртел во лево, при што удрил во заштитната ограда, а автобусот се превртел.
Едно лице загина, а повеќемина се повредени при превртување на автобус со албански регистерски таблички синоќа на автопатот кај Бриње, во северозападниот дел на Хрватска, пренесува Анадолу.
„Синоќа околу 23:40 часот на Автопатот A-1, во насока кон север, кај Бриње, се случи сообраќајна несреќа. Несреќата се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал со автобус со албански национални ознаки, од засега неутврдени причини, свртел во лево, при што удрил во заштитната ограда, а автобусот се превртел“, соопшти Личко-Сењската полициска управа.
„Во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале 9 патници и возачот“, информираше полицијата, наведувајќи дека едно лице починало, додека повеќемина се повредени и се испратени на лекарско лекување во општите болници во Карловац и Огулин.