Хрватска е супер сила во фудбалот! Фантастична серија на ,,Ватрените”, само една земја во Европа е поуспешна од нив!
Хрватската фудбалска репрезентација ја продолжи фантастичната серија квалификации за големите натпреварувања.
Имено, од осамостојувањето од Југославија во 1992 година, „Ватрените“ пропуштија само две големи натпреварувања – Европското првенство во 2000 година и Светското првенство во 2010 година.
Во меѓувреме, тие учествуваа на седум европски и шест светски првенства, каде што постигнаа навистина фантастични достигнувања во својата историја.
Хрватска беше вицешампион на светот во 2018 година во Русија и освои бронза во 1998 година во Франција и во 2022 г. во Катар.
Кога станува збор за настапите на европските репрезентации на ЕП и СП од 1996 година до денес, само една селекција е поуспешна од Хрватите – Шпанија.

„Црвената фурија“ се појави на сите 15 големи натпреварувања во овој временски период.
Покрај Хрватска, по 13 настапи имаат и Германија, Португалија, Англија и Италија.
Французите играа во 12, Холанѓаните и Данците во 11, а импресивен е и резултатот на Швајцарија со 10 успешни квалификации.
Во оваа статистика не се вбројуваа автоматските квалификации – поради одбраната на титулата и домаќини на некое првенство.
Кога тоа ќе се земе предвид, во сите 15 натпреварувања, покрај Шпанците, имаше само Германци и Французи, додека Португалците и Германците имаат по 14.