Хрватска остана без полуфинале: Унгарците ги победија ,,Ватрените” на ЕП!

Унгарските ракометари ја совладаа Хрватска со резултат 29:26 во 3.коло од втората фаза на Европското првенство.

Кај Унгарија најефикасен беше Бенце Имре со седум гола, Рихард Бодо постигна пет гола, додека Мате Лекаи натпреварот го заврши со четири гола.

Кај хрватската репрезентација најдобри беа Тин Лучин и Филип Главаш со по пет гола, додека Срна, Кларица и Карачиќ со по три гола го завршија мечот.

Со оваа победа Унгарија се најде на чекор од полуфиналето, додека Хрватска ги загуби сите шанси да се бори за медали.

По овој меч Унгарија има две победи и еден пораз, додека Хрватите сè уште се без победа во главната фаза, бидејќи по три кола имаат само едно реми и два порази.

Во следното коло Унгарија ќе игра против Германија, додека Хрватска ќе игра против Исланд.