Хрватска планинарка го загуби животот во албанските Алпи, спасени седум планинари

 Хрватска планинарска го загубила животот при пад од голема височина на планината Језерце, во северниот дел на Албанија, познат како „албански Алпи“.

-По неколкучасовна потрага, вчера доцна попладне овозможено е да се пронајдат и извлечат седум туристи кои беа заробени на планината Језерце, каде како последица на лизгање на стрмен терен и пад од голема височина животот го загубила З.И. (41) хрватска планинарка, објави албанското МВР.

На видео-снимката која ја објавува на Фејсбук може да се види моментот кога спасувачката екипа ја пронаоѓа мртва хрватската планинарска.

Во акцијата за пребарување и спасување учествувал и Одделот за планинско спасување на Косово.

Петмина од спасените планинари се вратени на територијата на Црна Гора од каде што влегле на албанска територија, останати двајца со хеликоптер се транспортирани во болницата во градот Бајрам Цури.