Хрватска политичарка заврши на сајд за возрасни: Непознато лице ѝ направи профил на Инстаграм и порнографска страница!

Пратеничката во хрватскиот Сабор, Марина Опачак Билиќ утрово дознала дека некој и’ направил порнографски профил и апелира сите да внимаваат на социјалните мрежи.

,,Згрозена сум од она што го прават луѓето, рече најмладата пратеничка во хрватскиот Сабор, која утрово дозна дека некој и’ направил профил на Инстаграм и на порнографска веб-страница. Не знам колку сериозните социјални мрежи како Инстаграм можат да го дозволат тоа, некој да направи профил на ваше име“, вели Опачак-Билиќ.

Најмладата пратеничка доаѓа од Славонски Брод, а бидејќи е и мајка на три малолетни деца, тоа уште повеќе ја вознемири.

,,Ќе пријавам во полиција“, рече таа.

Како што вели, треба да се вршат повеќе контроли на профилите на социјалните мрежи.

„Како толку моќни социјални мрежи кои имаат милиони и милијарди не вложиле во прегледување на профилите што се креираат“, посочува таа.

Според нејзиното мислење, неопходно е да се стави крај на измамите на Интернет.

,,Ова е за злоупотреба на фотографии и имиња“, рече таа.