ХРВАТСКА ПОЛИЦАЈКА УБИЛА ВОЗАЧ НА КАМИОН: Возела непрописно, без кацига! Хорор на граничниот премин Бајаково
Припадничка на хрватското МВР на мотор усмртила камионџија од Србија кој пред возилото чекал да ја помине границата на преминот Бајаково.
Според информациите таа се движела со недозволена брзина и без кацига.
Хрватските портали јавуваат дека локалното МВР потврдиле дека се случила оваа тешка несреќа.
Како што пишува порталот Index.hr, несреќата се случила околу 15 часот и 45 минути на автопатот А3 Загреб-Липовац во правец на граничниот премин Бајаково, а лекарска помош му е укажана на полицискиот службеник кој го управувал мотоциклот.
За сообраќајната несреќа е известено и надлежното државно обвинителство во Хрватска.
Со оглед на тоа што сообраќајниот полицаец кој го управувал мотоциклот е службеник на сообраќајната полиција Винковци, увидот ја спроведуваат полициски службеници од полициската управа Брод-Посавина, велат од полицијата за Индекс.