ХРВАТСКА: Уапсен напаѓачот од Сисак кој уби жена, тешко повреди четири лица и запали куќи и автомобили
Маж поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен и донесен во полициските простории, потврди рано утринава полицијата во Сисак-Мославина.
Четириесет и петгодишна жена е убиена во пукотница во ромската населба Чапрашке Пољане, додека четири лица се ранети.
Лекарска помош им е укажана во Општата болница во Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. При интервенцијата на овој настан пожарникарот се здобил со полесни повреди.
Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале.
Во необичниот настан целосно изгореле две семејни куќи и еден автомобил, додека делумно изгореле една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата.
Според хрватските медиуми станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот.
Пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема официјални информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.