Серии земјотреси се забележани во областа Кварнер и во претходните години. Сепак, по долго време станува збор за земјотрес со многу поголема магнитуда.
Во 10 часот и 47 минути кај Драга Башчанска на островот Крк е регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, изјави сеизмологот Томислав Фикет.
Областа на Кварнер е сеизмички активна, а земјотресите се чести.
-Серии земјотреси се забележани во областа Кварнер и во последните години. Сепак, по долго време, ова е земјотрес со значително поголема магнитуда. Треба да се има предвид дека во 1916 година, кога се случил т.н Винодолски земјотрес имало и доста жртви. Земјотресот Винодол бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала – нагласи Фикет.