Хрватските власти ја забранија Карлеуша: „Причината е затоа што доаѓам од Србија! Срам и фашизам!“ (фото)
Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но концертот беше откажан.
Популарната пејачка со денови го најавуваше настапот, но сега преку социјалните мрежи објави дека тоа нема да се случи, од срамна причина.
– Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац – е откажан од властите во Хрватска. Причината е шокантна и срамна – затоа што доаѓам од Србија – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил и продолжи:
– Искрено, вакви работи во 21 век?! Примитивизам, расизам, шовинизам, фашизам, кретенизам, идиотизам. Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купија билети. Ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека нè обедини музиката! Ве сака вашата ЈК.
Да потсетиме, ова не е првпат на српаките пејачи да им се откажуваат настапите во Хрватска, а во иста ситуација се најдоа Мирослав Илиќ, Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш, Зорана Мицановиќ и многу други.