ХРВАТ ДОБИТНO ЛИВЧЕ од 332.000 ЕВРА ФРЛИЛ ВО ЃУБРЕ?! Не ни сфатил дека го чека богатство, но имал ПОВЕЌЕ СРЕЌА отколку мозок
Уште еден среќен добитник на играта Џокер дојде во Хрватска лотарија да си ја собере добивката.
Млад човек од Водњан кој, како што вели, се уште не знаел каква среќа имал на лотаријата , евроџекпотот го уплатил на продажно место на овластен партнер на Петрол.
– Го видов знакот Евроџекпот на касата и решив да играм една комбинација, но без Џокерот. За среќа, продавачката ме наговори да го играм бројот на Џокер за само 60 центи повеќе – изјавил пресреќниот играч.
Тој откри дека на почетокот мислел дека ништо не освоил и разочарано го фрлил тикетот во ѓубре.
Дури откако преку социјалните мрежи дознал дека Џокерот е извлечен во истото продажно место на Петрол каде што играл, го извадил билетот од корпата за отпадоци. Младиот човек бил изненаден бидејќи иако не погодил ниту една бројка во комбинациите на Евроџекпот, играта Џокер му донела дури 332.000 евра.
Насмеаниот млад човек од Истра игра и Лото 7, но ова е негова прва голема победа која има намера паметно да ја искористи. Среќниот добитник со освоените пари ќе започне сопствен бизнис, а сега кога финансиската состојба веќе не е неизвесна посакува нов додаток во семејството.
Вели дека отсега ќе игра редовно и ќе ги проверува бројките.
– Ако не играш, не можеш да победиш – вели младиот човек.