Христијан Мицкоски: “Ако сакаме да се придвижиме кон ЕУ, треба оваа власт да замине“

Ако сакаме да се придвижиме кон ЕУ, треба оваа власт да замине“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за изјавите на власта дека земјата би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година. 

Ако сакате некоја работа да нема успешен крај, тогаш повикајте ги Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи и останатите да испратат порака. Тогаш сигурно таа работа нема да има успешен крај, па така и во случајот со евроинтеграциите“, вели Христијан Мицкоски.

Според него, СДСМ и ДУИ не се борат земјата да влезе во ЕУ, ниту имаат план и ги посочи како виновници кои го уништиле процесот со тоа што, како што вели -„прифатиле нешто што никој нормален во оваа држава не го прифаќа“.

Колку побргу овие заминат толку побргу Македонија ќе ја придвижиме кон ЕУ. Тие се борат само за да останат ден повеќе. Тие се борат за тендер повеќе. Тие не се борат ниту пак имаат интерес Македонија да ја видат во рамките на ЕУ затоа што таму политички измамници и политички криминалци од нивниот ков нема“, потенцира Христијан Мицкоски.

Тој за новата кампања „Ние сме Европа“ смета дека е плагијат и оти станува збор за партиска кампања што ја плаќаат граѓаните.

Доаде дека е потребно обединување во државата за промена на власта, за, како што вели, – „да си ја кренеме државата, да ја вратиме правдата и економијата онаму каде што и е местото“.

Прашан која е нивната стратегија за да ја натераат власта на предвремени парламентарни избори, Христијан Мицкоски кажа дека се додека парламентарното мнозинство има 61 пратеник во Парламентот не можат ништо да сторат.

Бројките во Парламентот во овој момент не се на наша страна и морам да ви кажам отворено дека дали изборите ќе бидат оваа есен или изборите ќе бидат на пролет редовни, месеци се во прашање и ќе дојдат и поминат тие месеци и ќе дојдат изборите и тогаш веќе нема бегање, нема криење, нема веќе лажење“, кажа Христијан Мицкоски и посочува дека нивниот фокус засега е исклучиво со пораки кон народот за тоа што ќе работат откако актуелната Влада замине.