Христијан Мицкоски: “Димитар Ковачевски гласал на седницата на која се дала согласност за промена на имињата на улици“

Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:

Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ.

На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот…

ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на МФ, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал).

На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје

Точка 105 од записникот.

Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис. Народот тоа го знае.

Фејсбук објава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ