Христијан Мицкоски: “До овој момент нема официјална покана, на евентуалната лидерска треба да се разговара што по неуспехот на уставните измени“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информира дека за најавената лидерска средба од премиерот Димитар Ковачевски, до овој момент нема официјална покана за средба, ниту пак се знае дневниот ред или пак форматот на евентуалната средба.
Мицкоски посочил дека значајно за што би требало да се разговара на таа средба, е што по неуспехот на уставните измени, за што, како што рече, се понеизвесно е дека тие нема да се случат, затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи.
– Она кое што е значајно да се каже е дека до овој момент, ние официјална покана од страна на Димитар Ковачевски, како политичка партија, немаме. Ниту пак имаме дневен ред според кој ќе се разговара, ниту пак имаме предлог формат, официјално, кој што би бил таму на таа лидерска средба. Она кое што е значајно да се каже, е што доколку уставните измени, кој што ги предвидува владата на ДУИ поддржана од СДСМ, не поминат. Тоа е многу важно да се каже и треба да видиме каков е планот понатаму, бидејќи ние не можеме да ја заклучиме државата, не можеме да ја заклучиме Македонија и да не знаеме што доколку не успеат. А, се поверојатно е дека тие нема да успеат. Ако веќе ги најавуваат дека ќе влезат во собраниска процедура, тоа е едниот дел од планот, но доколку не успеат, а се поизвесно е дека нема да успеат бидејќи ние, како коалиција, како ВМРО-ДПМНЕ, нашата пратеничка група нема да ги поддржи. Што правиме понатаму? Мислам дека и за тоа треба да се разговара, но претходно да почекаме, да водиме кој би бил форматот, каде би било местото, времето, денот. Практично, немаме ништо освен изјави на Димитар Ковачевски во јавноста, истакнал Мицкоски, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.
Мицкоски нагласил дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција го поддржале замрзнувањето на цените бидејќи, подвлекол, тоа беше еден момент многу тежок за граѓаните со огромно високо ниво на стапка на инфлација.
– Она кое што го добив како вест е токму она што Вие го кажувате, а тоа е дека се одмрзнуваат претходно замрзнатите цени што значи дека сега пазарот ќе ја утврдува цената односно пазарот е тој кој што ќе ја диктира цената. Стравувам за можни последици во делот на инфлацијата и затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група во Парламентот ќе предложиме законски измени во два дела, изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Конче.
Додал дека првиот дел е повторно враќање на данокот на додадена вредност за електричната енергија на 5 проценти бидејќи, како што рекол, Фатмир Битиќи веќе најавува дека ќе се враќа онаа стапка од 18 проценти.
– Исто така ќе предложиме намалување на стапката на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, изјавил Мицкоски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.