Христијан Мицкоски: “Идеалите на Делчев се живи и тој столетен оган за слобода“

Неговото дело е посилно од секој удар, од секоја поделба. Идеалите на Делчев се живи, и тој столетен оган за слобода, независност и држава продолжува да пламти“, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод одбележувањето на 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Денес многумина ќе се присетат, но малкумина јавно ќе го постават прашањето дали државата го продолжува неговото дело…Со власт која има целосно отсуство на родољубие и како никогаш порано со толку многу разнишани темели. Но која било сервилност на власта е помала од големината на неговиот завет. Поклон за великанот, неговата борба за нашата слобода, и неговото дело за ВМРО и Македонија. И да, заедно ќе успееме да ја оправдаме неговата борба. Вечен да е споменот за Гоце Делчев. Да живее Македонија!“, се наведува на Фејсбук статусот на Мицкоски