ХУМАНИТАРНА ПОМОШ – Турскиот селектор работел на каса во супермаркет и собирал помош за настраданите од земјотресот (ВИДЕО)
Селекторот на фудбалската репрезентација Германецот Штефан Кунц (Штефан) седна на една од касите во супермаркетот и си ја одработи смената.
Селекторот на фудбалската репрезентација Германецот Штефан Кунц седна на една од касите во супермаркетот и одработи смена при која целта беше да се соберат што повеќе пари кои ќе ги испратат на настраданите од разорните земјотреси во Турција.
Разорните земјотреси што ја погодија Турција во понеделникот и во текот на целата недела предизвикаа многу штети и однесоа илјадници животи. Целиот свет се вклучи во акцијата за помош, пораки за поддршка и хуманитарна помош пристигнуваат од целиот свет, а еден од најголемите трговски синџири реши да ги донира сите пари заработени за еден час во Турција.
Поранешниот германски напаѓач, кој дел од кариерата мина во Турција, е селектор во таа земја од 2021 година.