Хутите застанаа до Иран! Повеќе од 400.000 милитанти се подготвени за војна против Израел: Блискиот исток cè поблиску до катастрофa (ФОТО)

Хутите се подготвени да се борат рамо до рамо со Иран против Израел!

Милитантите, според иранските медиуми, велат дека 400.000 борци се подготвени да се борат на страната на Техеран доколку избие регионална војна со еврејската држава.

– Јеменците го информираа Иран дека доколку дојде до регионална војна, повеќе од 400.000 борци се подготвени целосно да го блокираат Црвеното Море и да ги таргетираат американските бази во Африка и на Блискиот Исток. Тие регрутирале 200.000 нови борци од почетокот на конфликтот – според Иран Обсервер.

Израел, да потсетиме, очекува одмазда од Иран по нападот на амбасадата во Дамаск.

Израелските воздухопловни сили минатиот понеделник извршија напад врз зградата на иранскиот генерален конзулат во главниот град на Сирија. Иранската Исламска револуционерна гарда објави дека седуммина нејзини високи офицери биле убиени во нападот.

Меѓу нив се генералот Мохамед Реза Захеди, кој беше командант на силите за Сирија и Либан и неговиот заменик, генералот Мохамед Хадија Хаџи Рахими.

Иранскиот претседател Ибрахим Раиси и највисоките претставници на ИРГЦ велат дека Израел ќе плати „висока цена“ за нападот.

Иранската револуционерна гарда објави и застрашувачка снимка од балистички ракети кои можат да стигнат до Тел Авив за 7 минути!