Цела сезона ги тресе мрежите, а во финалињата го нема никаде – неверојатна информација за Ерлинг Халанд ја обиколува планетата: Што се случува со него !?
Ерлинг Халанд, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, е познат по тоа што не може да престане да ја погодува мрежата на противникот, а оваа сезона, иако само што започна, тој го собори рекордот на Алан Ширер и Енди Кол по бројот на постигнати голови во Премиер Лигата, со своите 36 гола.
Но, Ерлинг Халанд е познат и по една неславна статистика, а тоа е дека не може да се запише во листата на стрелци во сите пет финалиња што ги играше под палката на Пеп Гвардиола, а таква беше ситуацијата и на неодамнешното финале во Суперкупот на УЕФА со Севиља.
Во Грција беше прецизен само во пенал рулетот, а истото важи и за англискиот Комјунити Шилд, каде Арсенал сепак ги победи.
Мрежата остана мирна за него и во ФА купот против градскиот ривал Манчестер Јунајтед, каде Манчестер Сити победи со 2:1, а среќата со голови му побегна во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул против Интер, кога Италијанците беа поразени со минимален резултат.