ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СИРИЈА (ВИДЕО)

Познатиот американски медиум ABC News објави видео на кое насобраните реагираат со ентузијазам, откако маж и жена и нивните три деца беа извлечени од урнатините.

Драматично видео го прикажува чудесниот момент кога цело семејство во Сирија беше спасено од урнатините на нивниот дом .

Ова се навистина трогателни моменти, кои никого не оставаат рамнодушен, но нема опуштање за погодените региони. И по три дена од разорниот земјотрес, многу жители во Сирија не добиваат квалитетна помош.

Портпаролот на администрацијата на регионот, Мазен Алуш, фрустриран од недостигот на помош, се прашуваше како може да има колони возила за носење тела, но без колони возила за доставување помош.

Набргу по земјотресот, Обединетите нации соопштија дека патиштата се блокирани, но дека од денеска се проодни. Ова дополнително го покренува прашањето зошто е потребно толку долго да се испорача помошта. Како што јави Си-Ен-Ен, ситуацијата во Сирија е различна од ситуацијата во Турција, на која веднаш и понудија помош од 70 земји и 14 меѓународни организации.