Цел свет се молеше за неа а таа доживеа тажен крај: Израелците го пронајдоа телото на Германката Шани Лук (22) од багажникот на Хамас! (ФОТО)

Израелската армија пронајде тела на тројца заложници во Појасот Газа, меѓу кои и на девојчето Шани Лук.

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, од кои едната е девојка со германско-израелско потекло, Шани Лук (22), пишува „Асошиетед прес“.

Таа исчезна на првиот ден од војната, 7 октомври 2023 година, на фестивалот „Супернова“ во јужен Израел кога започна конфликтот.

Шани Лук

Таа беше киднапирана на фестивал на електронска музика на првиот ден од војната на Блискиот Исток.

Конфликтот започна во раните утрински часови во саботата, на 7 октомври, кога членовите на Хамас истрелаа 5.000 ракети врз Израел.

Нејзината мајка тогаш ја препознала по ужасното видео кое кружи на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како таа е помодрена, крвава со неколку членови на Хамас, а изгледа дека и’ се скршени двете нозе.

Фотографијата на убиената Германка ја доби наградата за фоторепортерство во Соединетите Американски Држави на Катедрата за новинарство на Универзитетот во Мисури.

Нејзината баба, Никол Лук Нацаче, ја коментирала бизарната награда за фотографија на годината на официјалниот „Х“ профил на израелската држава.

„Фотографијата од мојата убиена внука освои престижна новинарска награда. И светот ја слушна. Беше фрлена како трофеј за терористите и гнасните фотографи“, напиша таа.