Цената на парно греење за деловните корисници во Скопје се намалува за 35 проценти

Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје.

Ова, како што денеска информираше на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите.