Цеца не се одвојува од својата колешка: Се запознаа во 90-тите години на необичен начин, а сега времето го поминуваат на луксузни места (фото)
Цеца Ражнатовиќ се дружи со бројни колешки од естрадата, но најблиска е со Дара Бубамара .
Пејачките имаа убав зимски ден, но го искористија и тоа што и двете беа во Белград да се видат и да одат на ручек.
Додека уживале во луксузен ресторан, Дара се сликала со Цеца, која е насмеана и без трошка шминка.
– Традицијата продолжува. На старото место ние две – рекла Цеца, а Дара и’ пратила бакнеж и и’ кажала дека ја сака.
Инаку, Цеца и Дара се запознале во деведесетите, а оттогаш според Цеца биле исклучително блиски.
„Ние сме пријатели од деведесеттите. Дара беше гостинка на мојот прв концерт во Таш, а нашето пријателство датира од тоа време“, изјави тогаш Цеца.