Монструм ја убил сопругата и трите ќерки! Полицијата наишла на грозоморна сцена: Пукал во членовите на семејството, а синовите избегнале сигурна смрт (ВИДЕО)

Маж од Чикаго ги убил сопругата и трите ќерки во семејната куќа, по што повикал полиција да го пријави масакрот.

Полициска патрола се упатила на местото на злосторството околу 11:30 часот во неделата, откако добила повик од маж кој рекол дека неговата сопруга била застрелана. Мајката Махеда Касим (53), дваесет и пет годишните близначки Халема и Захија и нивната една година помлада сестра Хана се прогласени за мртви.

– Жртвите се здобиле со прострелни рани – соопшти Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Кук.

Полицијата соопшти дека осомничениот е приведен и дека во куќата е пронајден пиштолот со кој монструмот го убил семејството.

Локалниот функционер Пат Кар рече дека инцидентот бил трагедија за целата заедница и дека семејството имало и два сина. Кар додаде дека семејството не е познато по инциденти.

Шарлот Викус изјави за ABC 7 дека нејзината ќерка одела на училиште со нејзиниот најстар син и ги познавала убиените близнаци.

– Секогаш зборуваше за тоа како сите биле многу интелигентни и имале многу високи цели во животот – рекол соседот и додал дека децата сонувале да станат фармацевти или доктори.

Друг сосед рече дека е шокиран бидејќи жртвите и убиецот изгледале како „добро семејство“ со светла иднина.

Семејниот масакр е најсмртоносниот инцидент што го погодил Тинли Парк, село југозападно од Чикаго, во речиси две децении.