Цеца читала ,,PLAYBOY” па го видела мажот на нејзиниот живот: Пејачката веднаш го освоила а потоа…

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се присети како го запознала Жељко Ражантовиќ Аркан и откри што ја привлекувало кај него.

Кошаркарски пречек, забава на кошаркарите, Цеца Ражнатовиќ

– Во раните деведесетти имав настап во Германија… Застанав на бензинска пумпа да купам ситници. Купив и списание „PlayBoy“. Кога подоцна седнав и го прелистав, во него го видов човекот на мојот живот! Не разбрав што пишуваше во интервјуто бидејќи беше на германски, само зјапав во неговата фотографија. Си помислив: „Тоа е Аркан! Беше најмажествениот и најзгодниот маж што сум го видела, а во тој момент сакав да му бидам сопруга – вели Цеца и опишува како била нивната прва средба:

– Оливер Мандиќ нè запозна на настан. Потоа се појавија приказни и измислици дека Жељко ме лажел, а потоа ми пријде и ми рече: „Дали си ти ѕвездата што најубаво пее?“ Бев истрауматизиранс, исплашена! Продолживме да се гледаме, а јас прва го бакнав!

Фолк ѕвездата открива што ја привлекло кај Аркан.

– Во Жељко не се заљубив поради неговата моќ, туку поради неговите човечки квалитети, карактерни особини, физичкиот изглед. .. Ме интересира некој што ќе успее да ме трогне емотивно и да ме израдува, а не колку е моќен и колку му е голема банкарската сметка – вели фолк ѕвездата.

Цеца била 21 година помлада од Аркан, па затоа се двоумела да им признае на родителите дека се заедно.

– Веќе слушнаа од медиумите дека двајцата сме заедно, но мислеа дека брзо ќе ми помине. Меѓутоа, кога им кажав дека се омажам за Жељко, за малку ќе се онесвестеа. Татко ми во тој момент стана сериозен и ми се закануваше… Знаев дека само ме плаши, па му рекоб: „Можете да се убиете, ќе се омажам за него, бидејќи го сакам“. Кога го запознаа веднаш го засакааа! – завршува приказната за фолк дивата.