Цеца ја објави првата слика од внукот! Вељко се „топи“ додека првпат го држи во раце синот Исаија: „Повелете…“

Вељко и Богдана Ражнатовиќ денеска на 14 мај станаа родители на третото момче Исаија, а гордата Цеца Ражнатовиќ ја објави првата слика од бебето.

Имено, таа напладне објави слика од нејзиниот син Вељко како го држи третиот наследник во раце за прв пат.

Со фотографијата од породилиште Цеца напиша:

– Добредојде Исаија – напиша гордата Цеца и додаде неколку емотикони со сини срца.