ЦИКЛОНOT „БОМБА“ ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА! Бурата Еовин ги донесе најсилните ветрови досега во Ирска. „Пијавици“ се вртат, летовите масовно се откажуваат во Британија, возовите запрени (ВИДЕО)
Обединетото Кралство и Ирска беа погодени од бурата Еовин, чии слични не се видени во областа долго време.
Скај њуз објави дека утринава се откажани голем број летови на аеродромите во Глазгов, Единбург и Даблин поради Еовин,
На аеродромот во Даблин од 3:30 часот по полноќ откажани се 110 полетувања и пристигнувања.
- Можни се натамошни откажувања на летови во текот на денот – соопштија од аеродромот.
Се известува дека неколку железнички компании издале предупредување до патниците да не патуваат на планираното патување.
Сите поаѓања на возови се суспендирани во Шкотска, како и во поширокото подрачје на Лондон и другите делови на Англија и Велс.
Ирска ја забележа најсилната брзина на ветерот измерена досега во таа земја.
Се известува дека во четири часот утринава во Мејс Хед, округот Голвеј дувале ветрови со брзина од 135 километри на час.
Претходниот рекорд од 131 километар на час беше измерен во Фојнес, округот Лимерик, во далечната 1945 година.
На социјалните мрежи се појави видео од округот Кери утрово на кое се гледа „пијавица“.
Си-Ен-Ен јавува дека бурата Ејовин е „бомба циклон“ што се формира над Северниот Атлантски Океан и брзо се засили, а се очекува да донесе обилни врнежи од дожд и снег во некои делови на Обединетото Кралство и Ирска.