Циципас ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите

 Грчкиот тенисер Стефанос Циципас утрово го совлада Австралиецот Алекс Де Минаура со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот во Лос Кабос.

Дваесет и четиригодишниот Грк дојде до трофеј во Мексико и со тоа ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите.

Во претходните финалиња Циципас загуби на Мастерсот во Синсинати 2022 година, Астана 2022, Стокхолм 2022, Австралија Опен 2023 и Барселона 2023 година.