,,Црвеното море ќе биде гробишта за сојузничките држави” – Хутите се закануваат дека ќе ја потонат флотата предводена од Америка, еве кој сè e во неа (ФОТО)

Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, се заканија дека ќе ги „потонат“ воените бродови на САД и западните сојузници и рекоа дека ќе го претворат Црвеното Море во нивни „гробишта“.

Бизнис инсајдер наведува дека оваа закана дојде во време кога поморските сили предводени од Америка продолжуваат да ги спречуваат нападите извршени од овие екстремисти на тој важен морски пат.

– Ние сме во состојба да ја потонеме вашата флота, вашите подморници, вашите воени бродови – изјави неименуван висок функционер на Хутите , како што пренесе иранската агенција Тасним.

Лојд Остин, американскиот секретар за одбрана во понеделникот го објави започнувањето на операцијата Просперитет Гардијан, чија цел е да се спротивстави на нападите на Хутите врз комерцијалниот брод во Црвеното Море, што предизвика голем број бродски компании да ги пренасочат своите бродови на други рути.

Хути, бунтовници од Јемен

Шефот на Пентагон рече дека во оваа коалиција предводена од Америка се Обединетото Кралство, Бахреин, Канада, Франција, Италија, Холандија, Норвешка, Сејшелите и Шпанија.

Остин рече дека нападите на Хутите во Црвеното Море претставуваат „меѓународен предизвик кој бара колективна акција“.

Се потсетува дека во изминатите два месеци, Хутите лансираа голем број беспилотни летала и проектили на комерцијални бродови што пловеа долж брегот на Јемен како и дека воените бродови на САД , како и оние на американските сојузници Франција и Обединетите Кралство, постојано ги соборуваше тие проектили.

За само еден ден во саботата, американските и британските поморски сили пресретнаа повеќе од десетина беспилотни летала кои доаѓаа од областите под контрола на Хутите во Јемен.

Се наведува дека Хутите ги интензивирале нападите во Црвеното Море од 7 октомври и почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Екипажот на американскиот воен брод „УСС Керни“

Хутите ветија дека ќе продолжат, како поддршка на Хамас, да ги таргетираат бродовите поврзани со Израел, па дури и оние кои штотуку патуваат кон израелските пристаништа .

Хамас и Хутите, заедно со либанскиот Хезболах , се дел од сојузот што Иран го нарекува „оска на отпорот“ .