Судот го ослободи од обвинение поранешниот директор на Онкологија Васев, за несовесно работење во служба

 Судот ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев за несовесно работење во службата и двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година. 

Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата, денеска во Основниот кривичен Скопје Скопје, рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнеените докази во текот на потапката не е докажало делото што им е тава на товар.

– Јавниот обвинител во текот на судењето не успеа да го докаже точното време на извршување на делото и начинот, изјави судијката Наумовска.

Трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а незадоволните странки имаат право на жалба. 

Првообвинетиот Васев, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба пред второстепениот суд и рече дека тврдела и ќе продолжи да тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

– Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело, изјави Раичевиќ.

Предмет почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.  

Според обивнението, Васев  како директор на онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.