Црвен крст Кавадарци лани обезбеди 2.676 единици крв

Црвен крст Кавадарци лани обезбеди 2.676 единици крв во повеќе доброволни организации за крводарување, информираа денеска од оваа кавадаречка хуманитарна организација. 

– Минатата 2023 година ја завршивме со 2.676 крвни единици а на годишниот план имаше предвидено 1188 крвни единици. Со оваа реализирана бројка Црвен крст Кавадарци се најде помеѓу првите три општински ораганизации во 2023 година по бројот на реализирани единици.

 Благодарност до сите крводарители кои ни овозмoжија да го достигнеме овој успех, до екипата на ИТМ Скопје за соработката како и до медиумите кои се секогаш тука за нас, соопштија од кавадаречкиот Црвен крст, кој делува на териториите на кавадаречка и росоманска општина. 


Вчера се реализираше првата доброволна крводарителска акција за оваа година, во салата на општинската зграда. Беа обезбедени 37 крвни единици