Докторката, гастроентеролог Владислава Булат откри колку е штетно да се јаде семка од овошјето, но посочи и други дигестивни проблеми.
Треба да обрнете внимание на една работа која може да биде опасна, а многумина ја прават.
Не се препорачува да ги голтате семките, бидејќи може да го загрозат вашето здравје.
„Нема да завршите во болница ако голтнете некоја семка, но можат луѓето кои веќе имаат проблеми со варењето и дебелото црево“, објасни таа.
Во семките има цијанонен гликозид, а нашето тело од него може да апсорбира само мала количина, но ако се претера може сериозно да го нарушите здравјето.
Многу поопасно од голтањето на семките е нивното грицкање, бидејќи така се допушта директно ова соединение и може да доведе до труње.
Симптомите се главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање. Може да дојде и до проблеми со дишењето, зголемување на крвниот притисок и забрзана работа на срцето.
Доколку сакате од црешите да го извлечете најдоброто, мора да знаете како да ги јадете.