ЦРНА СТАТИСТИКА – Здравствените власти на Појасот Газа објавија колку луѓе досега ги загубиле животите во нападите од Израел

Најмалку 23.469 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа кои започнаа на 7. октомври минатата година, соопштија денеска здравствените власти на Палестинците под контрола на Хамас.

Се додава дека се повредени уште 59.604 лица, пренесува медиумската агенција Reuters.

Хамас односно здравствените власти истакнуваат дека мнозинството од убиените се жени и деца.