Црногорец го пријавил сопствениот син во полиција! Му го скршил сефот и му украл над 20.000 евра: Синот седел во кафеана и го направил ова…

Припадници на полицијата го привеле Ј.М. (32) од Плав во Црна Гора, откако татко му пријавил дека тој му провалил во сефот и одзел два пиштола, муниција и пари во вредност од околу 21.000 евра.

-Постапувајќи по пријавата, полициските службеници го лоцирале Ј.М. во ресторан.

Кога видел полиција веднаш ги фрлил пиштолите, но залудно. Полицајците му го одзеле оружјето, муницијата и парите што ги одзел.

Ј.М. потоа по наредба на државен обвинител во Основното државно обвинителство Плав е уапсен поради сомнение за сторено кривично дело недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, а против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело тешко кражба.