Марк Цукерберг на Фејсбук откри дека почнал да одгледува стока.
Цукерберг позираше додека јадеше стек, а потоа објасни дека одгледува крави на Хаваи.
„Почнав да одгледувам стока на ранчот Коолау на Кауаи и мојата цел е да произведам некои од најквалитетните говеда во светот. Целиот процес да биде локален и вертикално интегриран“, напиша Цукерберг.

“Моите ќерки помагаат да се засадат макадамија и да се грижат за нашите животни. Сè уште сме на почетокот на патувањето и забавно е да се подобрува секоја сезона. Од сите мои проекти, овој е највкусниот”, напиша Цукерберг на Фејсбук .